Во ФК Куманово револтирани: Од непознати причини фудбалскиот терен е целосно изоран!

1387

Тимот на Куманово остана без фудбалски терен, откако овој викенд истиот беше изоран. Од клубот велат дека концесионерот, кој нема да дозвола да извршува било каква активност (бидејќи има судиски процес за земјиштето) од непознати причини го изорал фудбалското игралиште на кое дневно тренираат околу 150 деца.

„Иако во Куманово недостасуваат тревнати фудбалски терени и има потреба од нови фудбалски терени,за жал кумановски деца останаа уште без еден терен.

Како наводно дознаваме концесионерот, кој концесија доби од државата пред повеќе од 20 години и на кој концесијата е во завршна фаза да му се раскине и да се даде на владение на општина Куманово со одлука на влада како впрочем и сите спортски објекти во државата. Концесионерот во сабота рано наутро од непознати причини го изорал фудбалското игралиште на кое дневно тренираат околу 150 деца.

Дали вака концесионерите ги одржуваат фудбалските терени? Вака ли се реконстриира фудбалски терен? Со вакви ли концесионери тренери ке го развиваат фудбалот и спортскиот дух кај децата?“, се вели во соопштението на ФК Куманово.

фото: кумановски муабети

ПретходноСефери ќе игра за Ворскла Полтава
СледноНов шок на УС Опен: Се повлече вториот рекет, на Надал му се отвара патот кон врвот!