Фудбалерите на Баерн на неделното гостување го совладаа Бохум со убедливи 7:0 и покажаа дека и без Роберт Левандовски се први фаворити за освојување на Бундеслигата. Баварскиот гигант веќе има десет титули во низа, а таквата доминација доведе до тотална неинтересност на Бундеслигата.
На навивачите на останатите клубови им „досади“ што не можат да ја прекинат доминацијата на најуспешниот германски клуб, а се чини дека и на Мануел Нојер веќе не му е интересно да стои меѓу стативите на голот на Баварците и да чека некоја шанса за противничките тимови.
Искусниот германски голман, познат по своите истрчувања надвор од шеснаесетникот, сега почна да шета на теренот уште во раната фаза од натпреварите. Така на вчерашниот меч со Бохум на фотографија која од вчера кружи на социјалните мрежи, може да се види како Нојер веќе во првата третина од натпреварот игра на позицијата лев бек, на речиси 40 метри од неговиот гол. Во тие моменти шампионот на Германија имаше два гола предност, а до полувремето успеа да го удвои бројот на постигнати голови.
We’re not even 30 mins into the match and Manuel Neuer is already bored 😂 pic.twitter.com/vVHkGeZM2W
— FC Bayern English & National Manchaft (@FCBayernGER) August 21, 2022