Златните момци на прием кај претседателот на Македонија (ФОТО)

213

Секое лето, стана пракса младите национални ракометни тимови да се враќаат за златни медали. Лани беа дамите, оваа година се кадетите. Надежите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига и отворија порти кон ЕП 2024 и СП следната година. Македонската машка кадетска ракометна репрезентација заедно со претставниците на РФМ, денеска беа примени од претседателот Стево Пендаровски кој им честиташе на ракометарите и стручниот штаб за успехот изрази задоволство од успешната промоција на македонскиот спорт во интернационални рамки со одличниот успех на освоениот трофеј. Ракометарите му подарија на Пендаровски подарок топка со потписите на македонските репрезентативци.

 

ПретходноСудија од Унгарија за реваншот Балкани – Шкупи
СледноХаос во Мадрид, Хермосо ќе се тепаше со публиката (ВИДЕО)