Касемиро се прости во солзи од Реал Мадрид (ВИДЕО)

285

Бразилскиот интернационалец Касемиро, на официјална прес конференција се прости од неговиот досегашен клуб Реал Мадрид. Како што е добро познато, тој заминува во Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 70 милиони евра и ќе биде спасител што се вели на очајната во моментов ситуација на Олд Трафорд.

По цели десет години и десетици освоени титули на Сантијаго Бернабе, тој заминува по нов предизвик. Менува еден гигант за друг. Во Мадрид жалат што тој заминува затоа што се раздвојува веројатно најдобриот троец играчи за врска во последната декада во евопрскиот фудбал, Касемиро – Модриќ – Крос.

Бразилецот во солзи се прости од клубот во кој се етаблирше како еден од најдобрите на неговата позиција и веќе денеска би требало да се појави во Манчестер.

ПретходноСтоилов: Со поддршка од навивачите можеме до победа
СледноШкупи од денеска во карантин