Кунде и Чави го губат трпението: Сите сме нервозни, да видиме што ќе се случи оваа недела

374

Барселона синоќа го победи Реал Сосиедад со 4-1 во Ла Лига, но повторно остана без Жил Кунде во тимот.

Францускиот стопер се уште не е пријавен откако летово дојде од Севиља, а тоа создаде фрустрации во шпанскиот клуб, но и кај самиот фудбалер. Тренерот на Каталонците, Чави, вели дека се надева дека може да има добри вести во блиска иднина.

„Сите сме нервозни. Не ме сфаќајте погрешно. Матеу Алемани и Жорди Кројф прават извонредна работа, но и мене и мену му пречи оваа ситуација, затоа што го доведовме за да може да игра. Да почекаме до следната недела, па потоа ќе дознаеме дали ќе имаме повеќе среќа“, вели Чави.

23-годишниот Жил Кунде потпиша договор со Барселона до летото 2027 година, а поради лошата финансиска ситуација се уште не може да биде регистриран за тимот.

ПретходноБаерн (М) за само три меча собори два рекорда во Бундеслигата
СледноАмериканците не отстапуваат: Се помалку шанси Ноле да игра на УС Опен