Луто дерби на „Олд Трафорд“: Манчестер Ј. и Ливерпул во битка за прва сезонска победа

316

Веројатно најголемиот натпревар во календарот на англискиот фудбал ќе се одигра вечерва во Манчестер, каде домашните Јунајтед се домаќини на лутиот ривал Ливерпул. Манчестер Јунајтед моментално е на дното на табелата во Премиер лигата , откако ги загуби првите два натпревари од Брајтон и Брентфорд, додека вицешампионот од минатата сезона Ливерпул е 12-ти, откако ремизираше на првите два натпревари против Фулам и Кристал Палас.

Ерик тен Хег немаше илузии за големината на задачата со која се соочува на „Олд Трафорд“ кога ја презеде работата во мај, но реалноста на ситуацијата стана уште поочигледна за 52-годишниот менаџер по само првите два меча од неговото „шефување“ во тимот. Двата порази, заедно со и онака лошата гол-разлика, ги оставија „црвените ѓаволи“ на дното на табелата, а уште еден пораз овој понеделник ќе доведе до поголем притисок врз Тен Хаг, кој има задача да помогне во обновата на најголемиот фудбалски клуб во последните неколку децении.

Манчестер Јунајтед беше посрамен од Ливерпул во нивните два натпревари во Премиер лигата минатата сезона, претрпувајќи пораз од 5-0 на „Олд Трафорд“ и високи 4-0 и на „Енфилд“. Тимот на Јирген Клоп всушност победуваше на секој од последните три првенствени средби, при што „црвените ѓаволи“ не ги победиле своите ривали во елитата на Англија од март 2018 година.

Ливерпул двапати ремизираше против Фулам и Кристал Палас. Дарвин Нуњез доби црвен картон на натпреварот со тимот на Патрик Виеира и нема да патува за вечерашниот дуел на „Олд Трафорд“, додека „црвените“ имаат проблеми со повредите и ќе бидат доста ранливи. Манчестер Јунајтед ќе биде засилен со враќањето на Антони Марсијал, кој се враќа по проблемот со тетивата, додека Клоп најави на прес-конференцијата пред мечот дека Фирмино е подготвен за настап и веројатно ќе го замени Нуњез во првите 11.

Наби Кеита исто така ќе биде во тимот, но Жоел Матип, Тиаго Алкантара, Ибрахима Конате, Кертис Џонс, Диого Жота, Алекс Окслејд-Чембрлен, Ремзи и Келехер се уште се повредени. Се очекува Клоп да почне со Џо Гомез во дефанзивата, додека капитенот Хендерсон треба да се врати во средниот ред.

Веројатни состави:

Манчестер Јунајтед:

Де Геа; Далот, Варан, Мартинез, Маласија; Фернандес, Фред, Ериксен; Санчо, Роналдо, Рашфорд

Ливерпул:

Алисон; Александар-Арнолд, Гомез, Ван Дијк, Робертсон; Елиот, Фабињо, Хендерсон; Салах, Фирмино, Дијаз

ПретходноПознат е датумот на борбата на деценијата: Фјури vs. Усик во ринг во С. Арабија
СледноНедановски пред Нексе: Имаат одличен тим, но подготвени сме и за овој предизвик