Недановски пред Нексе: Имаат одличен тим, но подготвени сме и за овој предизвик

144

Ракометарите на Вардар утре во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одиграат четвртфиналниот меч против Нексе во СЕХА лигата. „Вардарци“ подготвени го очекуваат мечот, против еден од најнезгодните ривали за нашиот првак во последните две сезони во ова регионално натпреварување.

„Турнирот во Струга го искористивме како еден дел од подготовките за овој меч со Нексе. Имавме и добри и лоши моменти, сите играчи добија шанса, видовме кои играчи можат да понесат поголем товар, а за утрешниот дуел можам да кажам дека не чека дуел со еден одличен тим. Нексе пред неполни два месеци играше и Ф4 во Лигата на Европа. Имаа скоро ист состав, со двајца нови играчи. Добро воиграна екипа, не менува многу, играат одличен ракомет во последниве две сезони. Направивме анализа, немавме многу видео материјали од овој период, но се надевам дека направивме добри подготовки и се надевам на добар резултат на утрешниот дуел“, вели тренерот на Вардар, Владо Недановски.

Мечот Вардар – Нексе се игра утре од 20.15 часот. Победникот ќе се пласира на Ф4 турнирот во Задар.

ПретходноЛуто дерби на „Олд Трафорд“: Манчестер Ј. и Ливерпул во битка за прва сезонска победа
СледноСтоилов: Со поддршка од навивачите можеме до победа