Нов шок на УС Опен: Се повлече вториот рекет, на Надал му се отвара патот кон врвот!

458

Александар Зверев нема да игра на УС Опен. Германскиот тенисер и втор рекет на планетата не се опорави од повредата заработена на Ролан Гарос на мечот против Надал и не е доволно подготвен за турнирот.

Организаторите на последниот Гренд слем сезонава потврдија дека Зверев нема да биде дел од натпреварувањето и му посакаа брзо закрепнување. Во исто време, турнирот остана без уште еден играч од врвот, бидејќи се намалуваат шансите таму да биде Новак Ѓоковиќ, по соопштението дека во САД нема да влезат лица кои не се вакцинирани.

Сето ова само дополнително му помага на Рафаел Надал, кој заедно со Данил Медведев ќе бидат најголеми фаворити за освојување на трофејот. Доколку Шпанецот го освои турнирот ќе го симне рускиот тенисер од врвот на АТП листата.

 

ПретходноВо ФК Куманово револтирани: Од непознати причини фудбалскиот терен е целосно изоран!
СледноТренер на колото: Срѓан Захариевски (Струга Трим Лум)