Обложувалниците веќе знаат: Кој ќе биде првиот менаџер во Премиерлигата кој ќе добие отказ?

808

Вечерва со дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул завршува третото коло во Премиер лигата. Иако ниту „црвените ѓаволи“ ниту „црвените“ не го започнаа својот поход на најдобар начин, вечерашниот пораз нема да влијае на понатамошните судбини на Ерик Тен Хаг и Јирген Клоп.

Извесен период обложувалниците на Островот навестуваа дека Стивен Џерард или Френк Лампард би можеле први да бидат првите менаџери кои ќе добијат откази, но по викенд возбудувањата, прв на листата за „отстрел“ според проценките на букмејкерите е Брендан Роџерс.

Тоа стана јасно откако обложувалниците престанаа да примаат облози за негов отказ, што практично значи дека нешто се „готви“ во редовите на „лисиците“.

Поранешниот тренер на Ливерпул и Селтик го презеде Лестер пред четири години, но моменталната ситуација во тимот е очајна. Лестер има само еден бод од трите одиграни кола, додека ситуацијата дополнително ја комплицираат одредени заминувања, како оние на Фофана и Тилеманс. „Лисиците“ ги чекаат две убиствени рунди по поразот од Саутептон. За пет дена патуваат во Челзи, а потоа кај нив ќе дојде Манчестер Јунајтед. Овие два меча ќе бидат пресудни за судбината на Роџерс.

ПретходноДоминацијата на Баерн му здосади: Нојер почна да игра и како лев бек (ФОТО)
СледноКалин Ивановски со скок од 310 места на новата АТП листа