Тајсон Фјури ќе се сретне со Олександр Усик за титулата неприкосновен светски шампион во тешка категорија во мега-милионска борба која ќе се организира во Саудиска Арабија.
Тимот на Фјури е во преговори во борба вредна и до 100 милиони евра, која ќе го донесе името на новиот владетел во светскиот профи-бок, откако Усик во моментов ги има појасите од ВБА, ИБФ и ВБО, а онаа од ВБЦ е во сопственост на Фјури
Борбата за обединување на овие титули е закажана за 17 декември. Ова е ноќта пред финалето на Светското фудбалско првенство во соседен Катар и само дополнително ќе го „запали“ интересот за врвен спорт во овој регион.
Принцот Мохамад Абдулазиз, саудиски министер за спорт, потврди: „Ние сме многу заинтересирани за борбата и понудивме истата да се одржи во градот Ријад“.