Досегашниот член на вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром, Самит Јигитоглу ја продолжи соработката со нашиот шампион, но за разлика од досега идната сезона тој ќе биде дел од првиот тим.
Големиот талент на турската кошарка, 18. годишниот Јигитоглу одлично се покажа во изминатиот период, и затоа е награден со унапредување што се вели.
Станува збор за класичен центар, кој минатото лето од Бешикташ дојде во МЗТ Скопје УНИ Банка, за кој во прволигашката конкуренција одигра 16 натпревари со просек од 10,3 поени и 8,5 скокови. Дека станува збор за еден од најталентираните кошаркари во својата генерација говори и фактот што лани беше дел од олстар-тимот на јуниорската Евролига, кој настапи на завршниот турнир од ова натпреварување.