Некогашниот македонски репрезентативец Тауљант Сефери кој реши подоцна во кариерата да настапува за Албанија, својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Ворскла Полтава. Досегашниот играч на тимот на Тирана се сели во Украина, откако дел од својата кариера мина во Швајцарија како дел од тимот на Јанг Бојс. Таму настапуваше и за Волен, Винтертур, Ксамакс, а потоа се пресели во Албанија, каде што играше уште и за Теута.
На стартот на неговата кариера почна во кумановско Милано, а потоа направи трансфер во Работнички.