Фудбалерите на Манчестер Јунајтед водат по првите 45 минути од дуелот со најголемиот ривал во Англија, тимот на Ливерпул во меч од 3.коло во Премиер лигата. Резултатот е 1:0 благодарение на прекрасната акција на играчите на Тен Хаг, која со гол ја заврши Џејдон Санчо.
А и потегот на напаѓачот на Јунајтед е за пофалба затоа што одлично го издрибла дефанзивецот на Ливерпул и ја смести топката во мрежата.
По број на шутеви на гол се изедначени, но доминацијата на теренот ја имаат играчите на Ливерпул (70% во нивна корист).
Ќе видиме што ќе биде одговорот на тимот од „Енфилд“ во второто полувреме.
ГОЛОТ НА САНЧО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ