ТИМ И ИГРАЧ НА 3.КОЛО: Емини ја „уништи“ Победа

606

Какво простување на Сефер Емини од Македонија ЃП, каков настап на својот последен меч за „лавовите“ пред заминување во Данска, каде во тимот на Сондерјиске ќе ја продлжи својата кариера. Младиот играч за врска на тимот од Ѓорче во саботата просто ја „уништи“ Победа, гостинот од Прилеп. “Лавовите“ победија со 4:1, а Емини со два ефектни гола покажа на најдобар можен начин зошто први трансфер во Данска. Од тимот на Македонија ЃП во тимот на колото е и Мишевски.

Шкендија славеше над Академија Пандев и тоа во Струмица, посебен придонес дадоа стрелецот на голот Шаља, голманот Захов и Бејтулаи. Струга ТЛ го победи Работнички, а се истакнаа Мерџани со прекрасниот гол, покрај другото, но и Илиески. Имаше место секако и за Радиќ, тој беше стрелецот на победничкиот гол, но кога ќе направиш тоа што го направи Радиќ со што доби црвен картон тогаш нема место за тебе во идеалниот тим на колото.

Силекс го победи Скопје, а одлични беа Обадовиќ со два гола и еден на Алиу. Силјановски постигна супер гол за Брегалница во Кавадарци, но Спахиу израмни и му донесе бод на својот Тиквеш.

ИГРАЧ НА 3.КОЛО

СЕФЕР ЕМИНИ

Тим: Македонија ЃП

Роден: 15.07.2000 во Скопје

Кариера: Македонија ЃП, Акрон Тољати (Русија), Македонија ЃП, Сондерјиске (Данска)

ПретходноПедри: Левандовски изгледа како да има 20, а не 34 години
СледноЈончевски го дефинира ростерот за мечот со Данска – го нема Стајиќ, а деби чека Пандев