Шкупи од денеска во карантин

2393

Екипата на Шкупи е последниот наш претставник во евро куповите летово. Шампионот сеуште се обидува да влезе во групната фаза од едно од натпреварувањата. Тема беше Лигата на Шампионите, па Лигата на Европа, па сега и Лигата на Конференции.

Последниот испит за Шкупи пред групната фаза од ова натпреварување се вика Балкани од Косово, кој во Скопје минатата недела шокирачки го победи Шкупи со 1:2 во првиот дуел.

Сега, на ред е ревашнот в четврток од 20:00 часот на стадионот во Приштина на кој Шкупи ќе мора да се надмине себеси и сите проблеми кои се појавија на првиот дуел, и да обезбеди поволен резултат.

Нема да биде лесно, Чаирчани се на готовс. Свесни се за шансата која им се пружа и затоа уште од денеска тренерот Гоце Седлоски нареди карантин за тимот.
За Приштина се патува в среда, а мечот е вчетврток.

 

ПретходноКасемиро се прости во солзи од Реал Мадрид (ВИДЕО)
СледноСамит Јигитоглу префрлен во првиот тим на МЗТ Скопје Аеродом