Ѓорѓи Чековски е нов тим-менаџер на сениорска репрезентација!

309

Поранешниот македонски репрезентативец и член на најславната селекција на Македонија која во 2011 година го освои четврттото место на Евробаскетот во Литванија, е назначен на функцијата на три дена пред првиот натпревар на македонската репрезентација во претквалификациите за Европското првенство во 2025 година, против Данска во Нествед.

Ова е своевидно враќање на 43. годишна македонска кошаркарска легенда во кошарката по неколкумесечна пауза, откако на почетокот од годинава си замина од Работнички каде работеше како спортски директор кај наито најтрофеен кошаркарски колектив.

Крилниот центар беше еден од најдолговечните кошаркари во Македонија и играше, безмалку, до својата 40. година.

На терените, како професионалец, беше повеќе од две децении, почна во Работнички под водство на Марин Докузовски, а играше и во Алумина, Слован, Приштина, Академик, Черкаски Мавпи, Фени Индустри, Феро и МЗТ Скопје.

ПретходноТухел: Што да му кажам на Менди? Дека згреши? Па цел свет виде дека згреши!
СледноКоментар на 3.коло: Струга ТЛ си “гази“, Силекс позитивно изненадува, “Мојсов – ШОУ“ во родното Кавадарци!