Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очигледно нема да учествува на претстојниот УС Опен. Иако се уште нема официјално повлекување од листата на учесници, ниту пак најава од УС Опен дека Ѓоковиќ е исклучен, организаторите најавија дека ќе ги почитуваат сите протоколи за ковид на државата Њујорк, што значи дека странските државјани кои влегуваат САД мора да се вакцинираат.
Бидејќи Ѓоковиќ не го стори тоа, нема да учествува на претстојниот УС Опен , доколку не дојде до сензационален пресврт. Српскиот тенисер се подготвува иако е свесен дека шансите се скоро непостоечки.
„Во овој момент, носителите на билети нема да треба да бидат целосно вакцинирани за да присуствуваат на УС Опен. Сепак, мораме да земеме предвид дека тоа не е случај за навивачите кои доаѓаат од странство за да присуствуваат на УС Опен. Тие мора да бидат целосно вакцинирани со сет на вакцини кои се прифатливи за влез во САД“, се вели во соопштението на организаторите на УС Опен.
Дали играчите треба да се вакцинираат?
„Протоколите за здравјето и безбедноста на играчите поврзани со вирусот КОВИД-19 (вклучувајќи какви било барања за вакцинација и/или тестирање) се оценуваат и ќе бидат објавени подоцна, земајќи ги предвид упатствата од САД, државата Њујорк и градот Њујорк Владата и здравствените власти“, се вели во последното соопштение.