Баерн (М) за само три меча собори два рекорда во Бундеслигата

183

Германскиот шампион Баерн Минхен силно ја стартуваше новата сезона и оствари три убедливи победи со кои постави и нов рекорд во Бундеслигата.

Победите од 6:1 во Франкфурт над Ајнтрахт, потоа 2:0 против Волфсбург и вчера 7:0 во Бохум го доведоа минхенскиот тим во позиција да ги освои сите 9 бода со импресивна гол-разлика од 15 дадени и само еден примен гол.

Така Баерн стана првиот тим во историјата на Бундеслигата со ваков старт на една сезона. Рекордот е соборен и на гостувањата, откако на воведните два меча на гости Баварците постигнаа дури 13 гола, нешто што досега не му успеало никому.

Баерн дефинитивно нема конкуренција во Германија и прашање е само кога ќе освои нова титула.

ПретходноПодвиг: 152. тенисер на АТП листата го освои Мастерсот во Синсинати
СледноКунде и Чави го губат трпението: Сите сме нервозни, да видиме што ќе се случи оваа недела