Екипата на Гостивар во новата сезона ќе ја рзигрува Луван Пипкинс. Станува збор за 26-годишен Американец, кој минатата сезона играше во Грузија за тимот на Рустави. Пипкинс зад своето име има одлични 15.9 поени, 3.9 скока, 5.2 асистенции и 2.7 украдени топки по натпревар.
Претходно во Европа има играно во Португалска прва лига, а во во Америка бил дел од еден од најдобрите колеџи, колеџот Провиденс Фраерс.
Гостивар претходно ги засили своите редови со репрезентативецот на Грузија, Гиорги Корсантиа, Андреј Маслинко, а ги продолжи договорите со Виктор Ефремовски, Ренато и Роберт Димитриевски.