Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски, направи рапиден скок на најновата АТП листа, откако викендов ја совои својата прва ИТФ титула во сингл, освојувајќи го турнирот во Монастир, Тунис.
![]()
Тој со победата над Босанецот Кијаметовиќ дојде до нови 15 АТП поени со кои скокна 310 позиции до 779. место на рејтингот на најдобрите светски тенисери. Лидер во конкуренцијата е Русинот Медведев, пред Зверев и Надал. Ѓоковиќ е на 6. место.










