Конечно се разбудија „Ѓаволите“ и славеа во најголемото англиско дерби (видео)

241

Тимот на Манчестер Јунајтед ја запиша првата победа сезонава во Премиер лигата. Вечерва во големото англиско дерби од 3. коло славеа над Ливерпул со 2:1 на својот „Олд Трафорд“. Оваа победа сигурно ќе значи и поттик за следните натпревари и фаќање на ритам и кревање на самодовербата по оние два порази во првите две кола.

Ливерпул по три кола нема победа, две ремија во првите две кола и сега пораз на „Олд Трафорд“. Четата на Јирген Клоп делува слабо на стартот на сезоната, лесно прима голови и не може да дојде до посакуван резултат.

Инаку мечот го отвори Јунајтед по одличната акција и реализација на Џејдон Санчо во 16. минута. Во 53 минута резултатот го зголеми Маркус Рашфорд, а Ливерпул намали во 81. Минута со голот на Мохамед Салах.

Инаку тренерот на Јунајтед Ерик тен Хаг го почна мечот без Мегваер во одбраната и без Роналдо во нападот. На клупата беше и Фред. За разлика од Мегваер кој воопшто не влезе во игра, Роналдо и Фред се појавија на терен. Португалецот влезе во 86. Минута, а Бразилецот во 71 минута.

Кај Ливерпул го немаше Дарвин Нуњез поради црвениот картон од претходното коло.

Генерално гледано Ливерпул доминираше на теренот, имаше и поголем посед и повеќе удари на гол, но на крајот е поразен. Јунајтед конечно одигра мудро и со добар напад го скрши противникот.

 

ПретходноСампдорија си освои бод против Јувентус
СледноКадетките убедливо совладани и од Ирска