Според Спортмедиа тренер на 3.коло во ПМФЛ е Срѓан Захариевски, стратегот на Струга Трим Лум. Стружани имаат вистинско богатство на својата клупа. Мирен, тивок, ненаметлив, но знае како да ја држи дисциплината во својот тим. Максимално професионален, ретко можете да го видите да се расправа со судиите, добро, и тоа се случува, но ретко. И секако си ја знае својата работа. Вчера Струга ТЛ го победи Работнички, Захариевски беше поуспешен од Љупчо Марковски – Калц во тоа тренерско надигрување.
Што да се каже за тоа дека во првите три кола Струга ТЛ со Захариевски има три победи и максимални девет бода.
Зарем треба уште некој аргумент зошто Захариевски е тренер на 3.коло?