Непосредно пред заминувањето за Данска, каде во четврток македонската кошаркарска репрезентација ќе го одигра мечот oд претквалификациите за Евробаскетот 2025, селекторот на машката сениорска репрезентација Александар Јончевски, го дефинираше играчкиот ростер.
Новиот предводник на „црвено-жолтите“ се определи за 12. кошаркари на кои ќе смета за првиот меч во Нествед на 25 август, со почеток од 19:00 часот.
Од планираните кандидати, поради ситна повреда, за Данска нема да патува Бобан Стајиќ, а поради недостаток на високи играчи, шанса за деби во сениорскиот национален тим ќе добие Димитар Пандев.
Утре попладне, од 10:00 часот, за кога е предвидено заминувањето за Скандинавија, на собирното место, пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, повикани се да дојдат: Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Теодор Симиќ, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Јакимовски, Виктор Ефремовски и Димитар Пандев.