Њукасл спреми 25 милиони фунти за играч на Ватфорд

114

Њукасл се спрема да го реализира четвртото засилување ова лето. По Ник Поуп, Мат Таргет и Свен Ботман, клубот од „Сент Џејмс Парк“ се договорил со Ватфорд за трансферот на Жоао Педро, а сумата што ќе ја плати изнесува 25 милиони фунти плус 5 милиони во вид на бонуси, пренесуваат англиските медиуми.

Во договорот кој ќе е до 2028 година ќе биде вклучена и клаузула според која на Ватфорд ќе му припаднат 10% од следниот трансфер на играчот.

Жоао Педро е бразилски напаѓач, а пред Ватфорд играше една сезона за Флуминенсе од каде што и потекнува. Има само 20 години.

 

ПретходноСупер акција на „Ѓаволите“ и водство на полувреме во големото дерби со Ливерпул
СледноMЗТ Скопје ги почна подготовките без репрезентативците