Динамо Загреб ги распродаде сите билети за утрешниот дуел против Бодо во рамките на реванш мечот во Лигата на шампиони. Хрватскиот тим за кого настапуваат македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски на освојата официјална страница информираше дека дозволениот капацитет за плеј-оф мечот е целосно распродаден, па на „Максимир“ ќе има околу 20.000 навивачи.
По првата средба норвешкиот тим славеше со 1-0, па поддршката од публиката и тоа како ќе биде значајна за „модрите“ во обидот да се најдат во групната фаза.
„Ги известуваме навивачите дека се распродадени сите достапни индивидуални билети за плеј-оф натпреварот од Лигата на шампионите Динамо – Бодо/Глимт на стадионот Максимир во вторник попладне. Динамо во среда ќе има голема публика на овој важен натпревар за групна фаза од Лигата на шампионите поддршка од нивните навивачи од трибините. Се гледаме на Максимир! Заедно до Лигата на шампионите!“ пишува на сајтот на Динамо.