Алегри отворено ги критикуваше своите фудбалери

236

Тимот на Јувентус синоќа киксираше на гостувањето кај Сампдорија. Одигра само 0:0, во меч во кој не заслужи да победи.
Тоа јасно го стави до знаење и тренерот Масимилијано Алегри кој не штедеше зборови за да ги искритикуа своите избраници по дуелот, делуајќи авторитативно пред поголемиот дел на млади фудбалери.

„Младите играчи грешат. Не смее да се заборави дека Фаџоли, Мирети и Ровела се млади и тоа значи дека ќе грешат. Не сакате тоа да го слушнете но тоа е факт. МИрети излезе од почетната позиција за да пресече топка. Не требаше да го направи тоа. Ди Марија е играч на сосема поинакво ниво и таквиот однос ме побудалува. Ова не е фудбал каков што сакам да играме. Позитивна пак работа е што втор меч по ред не примаме гол. Немавме трпение во завршницата од акциите. Сезоната ја започнавме подобро од онаа минатата, и има позитивни нешта. Не заостануваме многу и тоа е добро“ – изјави Алегри.

 

ПретходноМаркоски: Имаме добра екипа, наша главна цел е плеј-офот!
СледноТ. Пролет поразен во полуфиналето на турнирот во Охрид