Гордон сака на Стемфорд Бриџ, Челзи подготвува 50 милиони фунти

188

Младиот фудбалер на Евертон, Ентони Гордон е главна трансфер цел на Челзи во моментов. Офанзивецот кој е исклучително млад и има 21. година е пикиран од страна на великанот веќе подолго време и преговорите се во тек.

Самиот фудбалер соопштил во клубот дека сака да си замине и да оди во Челзи што уште повеќе ја олеснува задачата.

Челзи според информациите подготвува понуда од 50. милиони фунти, плус десет на име на бонуси, според учинокот на фудбалерот. До крајот на преодниот рок, Гордон би требало да се пресели во Лондон.

 

ПретходноМанасков претпазлив пред Нексе: Ги имаме фановите, но еден меч е!
СледноЖенската репрезентација на Македонија до 15 години на развоен турнир во Стара Пазова