Дербито меѓу Шкендија и Струга ТЛ се игра на “Пандев“ стадионот во Струмица!

985

 

Дерби натпреварот од 4.коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Струга Трим Лум нема да се игра во Тетово, но ни во Струга, туку на “Пандев“ стадионот во Струмица.

Имено познато е дека тетовци, како што и пишуваше „Спортмедиа“, цела есен нема да играат на својот стадион под Шара, а досега го користеше теренот на градскиот стадион во Струга, но сега незгодно е да играат на теренот на стружани против тимот на Струга Трим Лум.

Па така одлучено е овој меч да се игра во Струмица.

Натпреварот е закажан за 28 август (недела) со почеток во 16 часот. По првите три кола Струга ТЛ ги освои сите 9 бодови и е лидер, додека Шкендија со 7 бодови е на делба на второто место на табелата.

ПретходноКевин Дурент сепак ќе остане во Бруклин
СледноПрвиот човек на Пелистер најави: Главна цел е да се освојат сите домашни трофеи!