Првиот човек на Пелистер најави: Главна цел е да се освојат сите домашни трофеи!

189

Е.Пелистер на посебна церемонија ги промовираше новите дресови, како и двата тима кои во новата сезона се очекува да ја направат Битола горда. Своите очекувања ги искажа и првиот човек на клубот, Зоран Стерјов, кој најави дека првиот тим има за цел да ги освои сите трофеи во домашниот шампионат и да ја мине групната фаза во Европската лига.

„Горд сум кога ги гледам нашите две екипи, компетитивни и спремни за новата сезона. Ние сме уникатен пример за два клуба од исто ракометно семејство кои играат во европските клупски натпреварувања и верувам дека наредна цел треба да ни биде да подигнеме трофеи со двата клуба. Посебно сум задоволен што секоја година промовираме членови од Еурофарм Пелистер 2 во новајлии во првиот тим. РК Еурофарм Пелистер ќе ги нападне и има за цел да ги освои сите домашни трофеи: Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, добра презентација во СЕХА лигата, а во ЕХФ Лига Европа се стремиме да ја поминеме групната фаза.

Доколку успееме во тоа, зошто да не отидеме и чекор подалеку од минатите сезони. На момците од Еурофарм Пелистер 2 им посакувам повторување на ланските резултати и место во плеј-офот. Тие знаат секогаш да нè изненадат со постигнувањата на теренот. Благодарност до спонзорите кои нè следат и го препознаваат овој проект, до нашата армија симпатизери и се гледаме во спортската сала „Боро Чурлевски“. Ви посакувам добро здравје, напорна и професионална работа и многу успеси“, им се обрати првиот човек на тимот, Зоран Стерјов.

ПретходноДербито меѓу Шкендија и Струга ТЛ се игра на “Пандев“ стадионот во Струмица!
СледноСоиграчите на Мбапе му дадоа прекар по животно!