Се започна од Бруно Пресилски

1457

ПРед точно триесет години на денешен ден, за прв пат во самостојна и независна Македонија стартувше домашниот фудбалски шампионат. Официјално во сезоната 1992/93 година во првото коло се сретнаа Вардар – Победа 1:1, Вардарски  – Слога Југомагнат 2:0, Борец – Тиквеш 2:2, Металург – Силекс 2:0, САСА – ФЦУ 2:1, Осогово – Тетекс 3:0, Балкан – Брегалница 2:1, Македонија – Беласица 0:0 и Пелистер – Рудар 5:0.

Токму на овој последниот дуел, во Битола, во четвртата минута тогаш младиот и надежен младински репрезентативец, Бруно Пресилски ја застресе мрежата на гостите и тоа воедно беше првиот погодок во државниот шампионат на Македонија.

Оттогаш поминаа цели триесет години се изредија многу настани. Но ќе остане запаметено дека сегашниот функционер на ФК Пелистер, а тогашен фудбалер е првиот стрелец во независна и самостојна Македонија.

 

ПретходноЗаврши наградната игра „играј, собирај и освој“ на 2WIN.mk
СледноНема крај на маките на Ливерпул, се повреди и Кеита