Јончевски: Составот е тој, ќе одговориме на предизвикот наречен квалификации (ВИДЕО)

127

Кошаркарската репрезентација на Македонија, на чело со селекторот Александар Јончевски во следниот период ја очекуваат два сериозни квалификациски предизвици. Првиот се вика Данска, каде што гостуваме задутре, односно на 25 август, а вториот Словачка која што ја пречекуваме три дена подоцна во Скопје. Оваа кампања има цел да не одведе на Евробаскетот во 2025 година, а селекторот Јончевски е задоволен од сработеното пред патот за Данска.

„Имавме нецели две недели подготовки. Првата ја искористивме за базични подготовки во Маврово и успеавме да поставиме систем според играчите со кои располагаме во овој момент, бидејќи, знаеме дека дел од тие играчи не се појавија на овој собир поради оправдани причини, тоа се повреди“.

Македонија за прв пат едни квалификации ќе ги одигра без натурализиран кошаркар, нешто на што селекторот става акцент во моментов.

„Првпат почнуваме едни квалификации за ЕП во кои немаме натурализиран играч, тоа ќе биде голем хендикеп за нас, особено што имаме дефицит на високи играчи и ќе се обидеме со она кое располагаме да одговориме на предизвикот Данска“.

И покрај се, новиот македонски селектор очекува оние кои ги одбра да атакуваaт на првиот триумф во овој втор круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025.z

„Секако дека одиме на победа на натпреварите. Со стручниот штаб работиме веќе подолго време на индивидуалните карактеристики на противникот. Во овие две-три недели Данците не одиграа пријателски натпревари, па ќе ги гледаме нивните претходни натпревари од квалификациите, против Косово и Норвешка. Знаеме со што располага противникот, имаат квалитетни играчи, можам да го издвојам Лудберг кој беше во НБА, а сега потпиша за евролигашот Виртус Болоња. Тој е најголемата опасност за противниците на Данска“- додава Јончевски непосредно пред тргнувањето за Нествед, каде во четврток навечер, од 19.часот, следува првиот натпревар од претквалификациите за ЕП 2025.

ПретходноЛазаров: Чест и задоволство е што ќе работам за мојата Македонија, чест ми е што имам еден ваков проект во рацете!
СледноЛазаров: Гледам дека ги мотивираме противниците, се надевам дека ќе ги мотивираме да работат уште поквалитетно!