Вардар 1961 не се пласира во Ф4 во СЕХА, Нексе ја доби пенал-драмата во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

282

Вардар 1961 не успеа да се пласира на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Македонскиот тим на домашен терен беше совладан од Нексе со 30-32 во доста возбудлив меч, кој беше решен после изведување на пенали. Талески и Џукиќ не реализираа од седум метри, на другата страна Нексе излезе како победник, Мелиќ стави печат на победата.

Талески мечот го заврши со 11 гола, зад него беше Манасков со осум погодоци. На другата страна Срсен имаше осум гола.

Втора година по ред, Вардар нема да биде на завршницата во регионалното натпреварување каде место обезбедија уште ППД Загреб и Веспрем. Ова е голема штета ако се земе во предвид дека избраниците на Владо Недановски се вратија во второто полувреме.

Нексе беше подобар противник од македонскиот првак во првото полувреме. По 4-4 на стартот, со серија од три гола поведе со 4-7, а нешто подоцна на индентичен начин поведе и со плус четири (10-14). Ова водство го имаше и пред одморот, но Карапалевски намали на 12-15. Пет од 12 гола во првото полувреме беа дело на Филип Талески.

Во вториот одново Тале беше главен лидер во редовите на Вардар, со неговиот седми погодок, намали на 16-17 во 37 минута. „Црвено-црните“ беа постојано на негатива од еден гол, иако одбраната беше далеку од посакуваното ниво. Згора на се, голманите вечерва не беа премногу тивки, за разлика од противникот.

На средината на второто полувреме, Нексе дојде на плус три (19-22). По одбраната на Томовски, актуелниот македонски првак конечно влезе во ритам. Лазаревски, Талески, Георгиевски и Манасков го поведоа тимот за серија од 4-1 и изедначување на 23-23 во 50 минута.

Од овој момент мечот влезе во драматична завршница. Се играше за гол за гол, се чекаше еден од двата тима да згреши. Томовски се издигна кога беше најпотребно при 26-26, одбрани напад на Нексе, на другата страна Кузмановиќ врати на ист начин. Нексе остана со играч помалку, Ѓукиќ погоди за 27-26 на две минути до крајот. Северец израмни на 28-28, Вардар не ги искористи 17-те секунди до крајот. Дуелот беше решен по изведување на пенали.

ПретходноРашфорд погоди од офсајд, но ВАР го призна голот поради едно ново правило!? (ВИДЕО)
СледноЛазаров го гледаше Вардар, Лила веднаш направи селфи (ФОТО)