Бразилскиот фудбалер Касемиро го комплетираше трансферот од Реал во Манчестер Јунајтед и присуствуваше на „Олд Трафорд“ за да ја проследи победата на својот нов тим против Ливерпул. Касемиро парадираше покрај теренот, а навивачите се воодушевени, но не и поранешниот менаџер Грем Сунес.
Некогашниот легендарен фудбалер на Ливерпул, шкотски репрезентативец потоа и тренер на Ренџерс, Ливерпул, Саутемптон, Бенфика, Блекбурн и Њукасл вели дека Касемиро не е голем фудбалер, барем не таков што вреди 80 милиони евра колку што „Црвените ѓаволи“ платија за него.
„Касемиро играше со големи играчи, но тој не е голем играч, а и никогаш не бил. Има 30 години, а го платија 80 милиони евра. Тоа се многу пари. Тој ќе му помогне на Јунајтед да биде поцврст на средината на теренот, меѓутоа нема добра пас игра, не верувам дека ќе ги направи подобри другите околу него. Во средниот ред на Реал Мадрид е полн со вистински фудбалски ‘типчиња’. Касемиро имаше среќа да игра покрај нив. Никогаш сум немал посебна желба да го гледам како игра, за разлика од, да речеме, Бензема“, порача Сунес.
✍️ It’s official.
Welcome to United, @Casemiro 🇧🇷#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) August 22, 2022