Клоп: Да одигравме малку подобро – ќе победевме

182

Ливерпул и трет меч по ред не знае за победа. „Црвените“ го имаат најлошиот старт на сезоната под водство на Јирген Клоп, а по двете почетни ремија следуваше пораз од Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 2:1.
Беа агресивни уште од почетокот на натпреварот и беше јасно што може да се случи. Кога го примивме првиот гол, покажавме иницијатива и игравме како што требаше. Немавме среќа во некои ситуации, посебно по прекините, а ќе беше прекрасно да изедначевме пред полувремето. Вториот примен гол очигледно дополнително не поремети.
Што да кажам, требаше да победиме. Знам дека звучи глупаво, но да одигравме барем малку подобро – ќе победевме. Нормално дека сум загрижен за состојбата, не е добар момент но таква е работата. Ќе бараме начин да се подобриме. Следуваат Борнмут, Њукасл и Евертон. Можеме да одиграме подобро.
Морам да кажам дека сме во тешка ситуација сме со повредите. Имавме на располагање 14-15 играчи оваа недела, сега треба да се погрижиме тие да останат здрави. “, изјави Клоп за „Скај спортс“.

ПретходноСимеоне не смее да го пушти Гризман повеќе од едно полувреме!
Следно„Касемиро можеби освои пет ЛШ, но не е голем играч“