Лазаров: Гледам дека ги мотивираме противниците, се надевам дека ќе ги мотивираме да работат уште поквалитетно!

197

Алкалоид се очекува од година во година да созрева како тим, а од него да изгледаат квалитетни играчи, кои во иднина каков готов прозивод ќе дојдат во националниот дрес.

Кирил Лазаров, вели дека имаат амбици, а тоа е пласман во плеј-офот. Очекува квалитетна и силна лига, според него најдобра во последни 10-15 години.

„Имаме амбици, треба да ги имаме, сите треба да ги имаме. Одиме чекор по чекор, се уште ја запознавам екипата, позитивно сум изненаден од струшкиот турнир, не значи дека ќе биде така, намерно играме со посилни противници, за да играчите побрзо да созреваат, тоа е начинот на кој може да растеме како клуб.

Треба да размислуваме во плеј-офот, се надевам дека ќе го направиме тоа, имаме знаење имаме услови. Според мене оваа година, во последните 10-15, ќе имаме најконкуретна лига, со многу добри странци.

Гледаме дека ги мотивираме противниците, се надевам дека ќе ги мотивираме да работат уште поквалитетно, се надевам дека на тој начин ќе создадеме квалитетна селекција“, изјави Лазаров.

Засега Алкалоид останува тим само со македонски играчи и ќе биде единствен во мак-шампионат.

„Ќе видиме како ќе биде, првично ќе бидеме единствени, каде ќе бидеме чисто македонски производ, тоа е за пофалба, за поддршка одиме храбро напред размислувајќи така. Засега не размислуваме на таков чекор, за странски засилување, иако никогаш не можете да тврдите целосно, бидејќи не знаете што носи иднината.

Јас сум за квалитетни странци, од кои ракометарите ќе можат да научат“, изјави Лазаров.

ПретходноЈончевски: Составот е тој, ќе одговориме на предизвикот наречен квалификации (ВИДЕО)
СледноВардар како животен стил