Лазаров: Чест и задоволство е што ќе работам за мојата Македонија, чест ми е што имам еден ваков проект во рацете!

942

Екипата на Алкалоид, дебитантот во супер-лигашкото друштво денеска и официјално го поромовираше новиот тренер, Кирил Лазаров. Селекторот на македонската репрезентација и најдобар ракометар на сите времиња, одлучи своето прво тренерско искуство на еден клуб да биде со Алкалоид.

„По завршување на мојата играчка кариера, сакајќи да останам во спортот, се одлучив да останам во спортот, да допринесувам уште повеќе, на еден поинаков начин. Чест и задоволство е што ќе работам во мојата Македонија, ќе пробам со моето искуство низ години да го пренесам тука во нашата земја и во нашата Македонија.

Чест ми е што во раце да имам ваков проект, не се двоумев ни малку дали да ја прифатам поканата, со многу желба влегов, ќе бидам посветен, за доброто за Алкалоид, но и за спортот во Македонија. Вакви концепти треба да се поддржуваат, што повеќе ги има ќе подобро за спортот. Ние како Алкалоид посакуваме да се формираат вакви концепти, само вака можеме да градиме подобра иднина“, изјави на официјалната прес-конференција, Кирил Лазаров.

Претседателот на клубот потенцира дека Алкалоид ќе биде долгорочен проект, за доброто на сите.

„Алкалоид е долгорочен проект, кој почна минатата сезона, за што потврда дојде минатата сезона кога експресно влеговме во супер-лигата. Градење на ракометари, кои ќе можат да одговорат на било кој предизвик. Минатата сезона почнавме со Љубомир Савевски, кој останува како спортски директор, ќе продолжи со помош за развој на клуб.

Од оваа сезона за да ги постигнавме нашите долгорочни цели, човекот кој несебично сака да им го пренесе своето знаење, да им помогне да младите ракометари да се изградат во врвни имиња, Кирил Лазаров“, изјави Горан Минов.

ПретходноЃорговски и Стоилевски нови членови на Е. Пелистер
СледноЈончевски: Составот е тој, ќе одговориме на предизвикот наречен квалификации (ВИДЕО)