ЛШ: Ц. Звезда со автогол остана без групна фаза, слават Бенфика и В. Плзен

425

Несреќно, со автогол во првата минута од судиското продолжение, белградска Црвена Звезда остана без учество во групната фаза од Лигата на шампионите оваа сезона. На реванш дуелот на преполната „Маракана“ во Белград, српскиот шампион одигра само 2:2 со израелска Макаби Хаифа и на крајот со вкупен резултат (4:5) ќе мора да се пресели во Лигата на Европа во есенскиот дел од фудбалската евро-сезона.

Ц. Звезда водеше со 2:0 со головите на Пешиќ и Иваниќ, но упорните израелци успеаја да израмнат преку Сундгрен и автоголот на Павков.

Фудбалерите на Бенфика најлесно од сите состави вечерва го обезбедија своето место во групната фаза од Лигата на шампионите. Откако на првиот меч до Динамо (К) како гости славеа со 2:0, вечерва пред своја публика беа уште поубедливи и со 3:0 го комплетираа триумфот кој уште една сезона им обезбедува место во фудбалската елита оваа есен.

На денешниот меч за Португалците головите ги постигнаа Отаменди, Силва и Нерес, сите уште ви првото полувреме.

Втор патник во групната фаза е Викторија Плзен која со пресврт славеше над Карабах со 2:1. По оние 0:0 на првиот меч, Карабах денеска прв поведе во Чешка и на полувреме со голот на Озобиќ замина со предност од 1:0. Сепак во вториот дел домашните успеаја преку Копич и Климент да направат целосен пресврт и со 2:1 да обезбедат групна фаза од ЛШ.

ПретходноТиквеш е втор финалист на турнирот во Охрид
СледноЕмерсон Палмиери е ново засилување за Вест Хем