Манасков претпазлив пред Нексе: Ги имаме фановите, но еден меч е!

180

Вардар 1961 вечерва (20:15 часот) на домашен терен го пречекува Нексе во рамките на четвртфиналната пресметка за пласман на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Актуелниот македонски првак нема право на поправен, ќе мора да го добие овој дуел доколку сака да го завери билетот за Задар. Минатата година ги загуби двата меча во регионалното натпреварување, па токму затоа сите се претпазливи.

Вардарци веруваат дека ќе имаат поддршка од своите фанови, што пак ќе биде главна водечка сила.

„Играме дома и затоа очекувам навивачите да бидат таму. Бранко Тамше е тренер на Нексе, па можеме да очекуваме да трчаат на теренот што е можно побрзо и подобро. Целта секако ќе биде да се намали бројот на технички грешки и да бидеме добри во дефанзивната транзиција. Како што реков, со навивачите зад нас и на еден натпревар – се може да се случи“, изјави Манасков, кој после долго време се врати во Вардар. 

ПретходноШкупи ослабен на Косово, не игра Фаустин
СледноГордон сака на Стемфорд Бриџ, Челзи подготвува 50 милиони фунти