Ако не беше доволен синоќешниот пораз на Олд Трафорд од главниот ривал Манчестер Јунајтед со конечни 2:1, во таборот на Ливерпул утринава имаа нова причина за главоболка.
Во редот на повредените, девеети во серија се приклучи и Наби Кеита, кој воопшто не ни настапи синоќа.Покрај него повредени се и Џонс, Окслејд – Чембрлен, Алкантара, Конате, Матип, Жота, Калагер и Калвин Ремзи. Дарвин Нуњез беше суспендиран поради црвениот картон добиен против Кристал Палас.