„Никој во животот не ме разочарал повеќе од Чави и Барселона“

1006

Младиот играч за врска Рики Пуиг ја напушти Барселона и кариерата ја продолжи во МЛС лигата и тоа во Лос Анџелес Галакси. Тој изненади со одлуката да не остане на „Ноу Камп“ туку да замине во САД. Сега ги откри и причините.

Последниот месец во Барселона за мене беше многу тежок. Изоставен бев од списокот за турнејата во Америка и такво нешто претходно не сум доживеал. Неколку играчи останавме да тренираме сами додека другите беа на турнеја и играа натпревари. Тоа навистина ме повреди“.

Посебно зборуваше за раководството и Чави.

За нив немам многу што да кажам и не сакам воопшто да ги спомнам. Никој во животот не ме разочарал како Чави и Барселона. Тоа е се што имам да кажам“, изјави Пуиг.

 

 

ПретходноМурињо: Загрижен сум но плачењето нема да ми помогне
СледноЛШ: Звезда брка негатива, Бенфика е со една нога во групната фаза