По арогантното и себично однесување на мечот со Монпеље, на виделина излезе најлошото од соблекувалната на ПСЖ. Во центарот на вниманието беше конфликтот меѓу Мбапе и Нејмар, како и деталите кои Французинот ги стави пред раководството на клубот за да ја продолжи соработката.
Победникот на Светското првенство со „триколорите“ јасно стави до знаење дека сака да биде најголемата ѕвезда на тимот и дека се во играта практично се врти околу него бидејќи сака да биде најдобар на светот.
ПСЖ во неделата против Лил славеше убедлива победа со 1:7 благодарение на хет-трикот на Мбапе, кој интересно го постигна својот прв гол по осум секунди игра.
По натпреварот ја зеде топката со потписи на сите играчи, а еден од неговите соиграчи во соблекувалната, Хакими го откри прекарот на Мбапе, а тоа е пингвин.
Инаку, освен со Хакими, Мбапе одлично се сложува и со Серхио Рамос, кој беше миротворец при конфликтот со Нејмар по натпреварот против Монпеље.
Натпреварот против Лил покажа дека Мбапе ги закопал секирите со играчи од Јужна Америка, пред се Нејмар, а потоа и Лионел Меси.