Ракометарите на Тиквеш се вториот финалист на турнирот „Крсте Андоновски – Усташ“ кој се одржува во Охрид. Во полуфиналето вечерва во интересен и до крај неизвесен меч кавадарчани славеа над домаќинот Охрид со 24:22.
Хамзиќ со пет гола беше најефикасен кај Тиквеш, додека кај Охрид Ончев и Бојаниќ постигнаа по седум гола.
Утре во финалето Тиквеш ќе игра против белградски Партизан.