Т. Пролет поразен во полуфиналето на турнирот во Охрид

82

Тинекс Пролет не успеа да се пласира во финалето од турнирот „Крсте Андоновски – Усташ“ откако по голема борба, на пенали загуби во полуфиналната пресметка од белградски Партизан. Голема шанса беше испуштена во регуларниот дел од мечот, кога најпрвин не беше задржана предноста од три гола, а потоа и нереализиран напад во последната минута, при водство од 30-29, по кој гостите во самиот финиш го израмнија резултатот за конечни 30-30.

Во пенал-рулетот пресудно се покажа промашувањето на Мајнов, кој во втората серија биеше високо над гредата, па откако Партизан ги реализираше сите свои седмерци српскиот тим се радуваше на победата во овој израмнет и неизвесен натпревар.

Во второто полуфинале вечерва ќе се сретнат екипите на Охрид и на Тиквеш.

фото: rkprolet.mk

ПретходноАлегри отворено ги критикуваше своите фудбалери
СледноПо 254 дена фудбалот се врати во Украина