Фановите на Јуве бесни: За ништо не нè бидува, кога ќе го тргнете Алегри?

377

Јувентус одигра без голови на гостувањето кај Сампдорија меѓутоа според играта не им даде надеж на навивачите дека тимот може да направи некој исчекор напред во однос на минатата година. Според нив со вакви настапи не може да се очекува „Скудето“.

Бура од незадоволство предизвикаа фановите на социјалните мрежи после изданието во Џенова.

Па, тоа беа ‘изгубени’ два часа“, коментираше еден поддржувач при последниот свиреж.

Леле, за ништо не не бидува!“ беше друга изјава.

Од денес и официјално сум во бендот #AllegriOut. Не е можно да нема ниту една тактичка идеја. И не ми зборувајте за играчите, затоа што треба да имате идеи без разлика на играчите“.

Сосема непристојна изведба. Алегри надвор!

Срамен настап, пасивен настап против Сампдорија. Повторувам, Сампдорија. Кога ќе можеме повторно да го отпуштиме?

Ќе се вратам да го гледам Јуве кога ќе истече договорот на Алегри. Морам да го чувам моето здравје и благосостојба“.

Претходно„Касемиро можеби освои пет ЛШ, но не е голем играч“
СледноМурињо: Загрижен сум но плачењето нема да ми помогне