Шкупи ослабен на Косово, не игра Фаустин

885

Тимот на Шкупи веќе два дена е во карантин и се подготвува за реваншот од плеј офот за лигата на Конференции против тимот на Балкани од Косово. Првиот дуел во Скопје заврши со победа на Балкани од 1:2, и сега е на ред Шкупи да направи изненадување на гостински терен.

Сепак, тоа ќе мора нашиот првак да го стори без стандардниот стопер во изминатиот период Фаустин Сенхор. Тој има недозволен број на жолти картони и ќе мора овој дуел да го прескокне.

За кого ќе се одлучи тренерот Гоце Седлоски како алтернатива за него ќе видиме, но во секој случај Сенхор во многу ќе недостасува.

 

ПретходноНема крај на маките на Ливерпул, се повреди и Кеита
СледноМанасков претпазлив пред Нексе: Ги имаме фановите, но еден меч е!