Денеска и покрај жестоката војна која пламти во дел од земјата, во Украина започна новата фудбалска сезона. Првиот меч го одиграа во Киев фудбалерите на Шахтјор и Металист од Харков.
Натпреварот заврши без голови и беше првиот фудбалски меч одигран од крајот на февруари кога сезоната беше прекината по руската инвазија на Украина.
Минатосезонскиот шампионат на Украина беше прекинат, а овој стартот на новата сезона значеше конечен крај на долгиот период од 254 дена без фудбал во оваа земја. Шахтјор и Металист играа во Киев, а сите првенствени натпревари ќе се играат во главниот град на Украина и западните градови кои во моментов не се цел на руска агресија.
Денеска се одиграа вкупно четири меча:
Шахтјор – Металист 0:0
Черноморец О. – Верес 0:1
Зорија – Ворскла 3:1
Колос – Кривбас 1:0