По трите порази од почетокот на сезоната во Премиерлигата без постигнат гол, Вест Хем вечерва го објави потписот на италијанскиот репрезентативец Емерсон Палмиери од Челзи.
28-годишниот дефанзивец им се приклучува на „чеканите“ со четиригодишен договор, со опција за плус уште една година. Двата клуба не ја соопштија сумата на трансферот, но шпекулациите велат дека истиот тежи 15 милиони фунти.
Емерсон е роден во Бразил, но се пресели во Италија во 2014 година и оби државјанство, играјќи и во финалето на Евро 2020 на Вембли.
„Многу сум среќен што сум овде. Ова е голем предизвик за мене, Вест Хем е голем тим, па затоа сум многу среќен што сум тука и подготвен сум“, изјавил Емерсон.
West London ➡️ East London
Welcome, @emersonpalmieri! 🙌 pic.twitter.com/JUQfxah2fB
— West Ham United (@WestHam) August 23, 2022