ЛШ: Звезда брка негатива, Бенфика е со една нога во групната фаза

90

Вечерва се играат три реванши од плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите. Црвена Звезда од 21 часот игра важен натпревар против Макаби Хаифа и брка негатива затоа што на првиот меч загубија со 3:2. Во интересен меч со двоен пресврт, Звезда водеше со 2:1, а потоа прими два гола и го изгуби натпреварот.

Во некои претходни сезони 3:2 на гостински терен би значел и еден гол на „Маракана“ ќе реши се, но сега кога го нема тоа правило задачата е потешка. Звезда мора да победи со два гола разлика за да отиде во групната фаза на ЛШ.

А Бенфика е со една нога во групната фаза. Португалскиот гигант славеше против Динамо Киев со 2:0 во меч кој се одигра во Полска, а сега на свој терен ќе треба рутински да си ја одработи задачата.

Во Чешка играат Плзен и Карабах. Првиот меч заврши без голови, а чешкиот тим е фаворит.

ЛШ – Плеј-оф реванши
ВТОРНИК (23.08.2022)
БЕНФИКА – ДИН.КИЕВ  21:00 ч.
Прв меч: 2:0
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – МАКАБИ Х.   21:00 ч.
Прв меч: 2:3
ПЛЗЕН – КАРАБАХ           21:00 ч.
Прв меч: 0:0

СРЕДА (24.08.2022)
ДИН.КИЕВ – БОДО/ГЛИМТ         21:00 ч.
Прв меч: 0:1
ПСВ – РЕНЏЕРС 21:00 ч.
Прв меч: 2:2
ТРАБЗОН – КОПЕНХАГЕН             21:00 ч.
Прв меч: 1:2

Претходно„Никој во животот не ме разочарал повеќе од Чави и Барселона“
СледноЃорговски и Стоилевски нови членови на Е. Пелистер