Мурињо: Загрижен сум но плачењето нема да ми помогне

203

Рома го совлада Кремонезе со 1:0, а тренерот Жозе Мурињо не можеше да ужива во победата бидејќи остана без уште еден важен играч. Николо Заниоло го напушти теренот со повреда, а ден претходно Жоржинио Вајналдум заработи тешка повреда на тренинг.

Честитки за Кремонезе. Во првите 20-25 минути имавме толку многу шанси што лесно можевме да го решиме натпреварот. Му честитам и на судијата бидејќи одлично се снајде“, изјави Мурињо.

Не е пријатно што загубивме фундаментален играч како Заниоло, особено по два доста емотивни дена. Николо ќе биде отсутен некое време. Загрижен сум, но плачењето нема да помогне. Ние правиме планови, а потоа двајца од нашите најважни играчи се повредуваат и не остануваат многу опции. Тоа е фудбалот, тоа се случува. Шефовите знаат што би сакал. Работиме заедно и ќе најдеме решение“, рече Специјалниот.

Победивме два натпревари 1:0 по головите на одбранбени играчи, но тоа не ме загрижува. Допрва треба да доаѓаат голови од Николо, Пауло и Тами“, додаде Мурињо.

 

ПретходноФановите на Јуве бесни: За ништо не нè бидува, кога ќе го тргнете Алегри?
Следно„Никој во животот не ме разочарал повеќе од Чави и Барселона“