Екипата на Е.Пелистер предмалку се пофали дека нејзини нови членови се ракометарите Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски. Истите се прекомандувани од Е. Пелистер 2 во првиот тим како заслуга за досега одиграното во дресот на тимот од Битола.
Тие ќе бидат пријавени за натпреварите во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа за тимот на Ларс Валтер. Емилијан Ѓорговски од почетокот на подготовките тренира со вицешампионот на Македонија, а Стоилевски од денес ќе се приклучи на екипата.
Претходно од Е. Пелистер 2 во Е. Пелистер се префрлија и Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.